Петок 03 Септември 2010
search
ЗК Пелагонија АД (ZPKO)
03.09.2010
Close: 2160
Daily volume: 2
High: 2160
Low: 2160
52 week High: 5490
52 week Low: 2100
последни анализи
избрано од форумот

TELEKOM!!: Da ne e mnogu??? :lol:

Re: TELEKOM!!: Okolu 50 den...

TELEKOM!!: ZNAE NEKOJ NETO KOLKU KJE BIDE???...


ЗК Пелагонија АД

ЗК Пелагонија АД Битола е компанија со седиште во Битола, чија примарна дејност е од областа на земјоделското производство, лозарството и овоштарството. ЗK Пелагонија произведува житни култури, а се занимава и со одгледување на ситен и крупен добиток, сточарско производство, рибарство, овоштарство, лозарство, како и транспорт и дистрибуција на производите.

Издадени акции
- обични: 236.827
- приоритетни: 41793
Вкупно:278.620
последна новина

Проблеми во ЗК Пелагонија АД Битола - 11.06.2010


На вчерашното собрание на акционери на ЗК Пелагонија имаше три точки на дневниот ред и расправија меѓу акционерите за првата точка и посебно за третата точка


 Првата беше за усвојување на годишните извештаи за работење во 2009 година, втората точка беше за избор на овластен ревизор за 2010 година, и третата точка беше предлог одлуката за продажба на 41.600 сопствени акции по пат на приватна понуда.

Иако имаше многу забелешки од акционерите и за првата точка, за третата точка највеќе се расправаше, посебно бидејќи имаше предлог од еден од акционерите , овие акции да се продадат по пат на јавна берзанска аукција каде што сигурно би се добило повисока цена за акциите , наместо по пат на приватна понуда, и со тоа да се решат подобро проблемите со ликвидноста.

Како што кажа тој со оваа приватна понуда се сака да се протурка на еден нетранспарентен начин, продажба на идни акционери кои самиот менаџмент, ги избрал, компании повеќето непознати за јавноста и по цена која е далеку под реалната вредност.

Дури еден од поголемите акционерите кој е во управниот одбор, се воздржа од гласање, поради како што рече сомнителните компании на кои се планира да им се продадат вкупно 41.600 акции по последната берзанска цена или 2.350 денари.

Друг акционер нагласи дека оваа одлука ако помине како што е предложена од управниот одбор, е штетна, и сигурно ќе ја обжали до комисијата за хартии од вредност.Одлуката помина со околу 72% од присутните гласови.
повеќе вести за компанијата

Запрено тргувањето со акциите на ЗК Пелагонија 11.06.2010 | 09:59

ЗК Пелагонија – одлука за поништување на сопствени акции 31.05.2010 | 11:07

Пелагонија АД Битола – повик за собрание на акционери 18.05.2010 | 10:56

Пелагонија АД Битола – одлука за поништување на сопствени акции 12.04.2010 | 14:03

Измени во органите на управување во ЗК Пелагонија 01.04.2010 | 09:38

ЗК Пелагонија – откуп/продажба на сопствени акции 29.03.2010 | 14:54

ЗК Пелагонија – одлука за поништување на сопствени акции 19.03.2010 | 09:44

ЗК ПЕЛАГОНИЈА – јавен повик за собрание на акционери 19.03.2010 | 09:39

ЗК Пелагонија објави штета во висина од 132 милиони денари 11.03.2010 | 13:21

Лоша финансиска 2009 за ЗК Пелагонија 02.03.2010 | 08:51

ЗК Пелагонија АД Битола ја престави својата нова веб страна 24.02.2010 | 13:11

Пелагонија АД Битола доби одобрение за продажба на сопствени акции 09.12.2009 | 12:26

ЗК Пелагонија АД Битола: Ценовно чувствителна информација 16.11.2009 | 09:39

ЗК Пелагонија АД Битола: Ценовно чувствителна информација 12.11.2009 | 14:36

ЗП Пелагонија исплаќа дивиденда 11.09.2009 | 10:21

Пелагонија АД Битола со јавен повик до своите акционери 04.09.2009 | 11:09

Жетвата на пченицата во Пелагонија се одвива интензивно 21.07.2009 | 08:48

Акционерите на ЗК Пелагонија ќе добијат 252 денари по акција 28.05.2009 | 09:48

Драстичен раст на загубата на ЗК Пелагонија 29.04.2009 | 10:33

ЗК Пелагонија ќе исплаќа дивиденди 23.04.2009 | 14:45