ФЗЦ 11 Октомври 11.02.2010
TELEKOM!!: Da ne e mnogu??? ![]()
Re: TELEKOM!!: Okolu 50 den...
TELEKOM!!: ZNAE NEKOJ NETO KOLKU KJE BIDE???...
Профил
Фабриката за заварени цевки и профили "11 Октомври" од Куманово, со гордост го носи името на денот кога започна новата историја на македонскиот народ. Основана е во далечната 1953 година, а првите скромни резултати од пробно производство ги бележи во 1956, за да наредната 1957, започне со редовно производство, кое што непрекинато трае до денес.
Почетниот производствен програм го сочинуваше широк асортиман на разновидни производи, каде што, покрај заварените цевки и профили, се произведуваа и лимени конструкции, производи за домаќинство, угостителство и т.н. Меѓутоа набргу, од 1958 фабриката ја согледа потребата за специјализирано производство, кое што од тогаш е насочено кон високо сериско автоматизирано производство на заварени челични цевки и профили од сите видови и димензии. Ориентацијата кон таквото производство беше мотивирана од големата побарувачка на пазарот, но и од самите планови за развој на фабрикката, во тоа време. Оваа ориентација се покажа како оправдана во изминатиов период, на непрекинато педесетгодишно работење и ниво на постигнати резултати.
Денес, ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово, претставува гигант, не само за овие простори туку и пошироко, со препознатливи производи со признаен квалитет, према најновите национални, европски и светски стандарди: DIN, BS, NF, UNI, GOST, EN, ISO, API, ASTM i.t.n.
Иако најголемиот дел од производите се извозно ориентирани за пазарите во западна Европа, во последната деценија во услови на големи политички, економски и социјални промени и траснформации, како и воени кризи и конфликти, фабриката успеа, не само да го задржи стекнатото реноме, туку и да постигне значителни резултати во обезбедување на квалитет, кое што се гледа од добиените сертификати од реномирани контролни институци: ISO 9001, API, TUF, U, BIREAU VERITAS, Germanischer Lloyd и т.н.
Контакти
Адреса:
ФЗЦ 11 Октомври АД
ул."11 Ноември" ББ
1300 Куманово
E-mail адреси:
ФЗЦ 11 Октомври АД : fzc11okt@mt.net.mk
Финансово одделение : finansii@fzc11oktomvri.com.mk
Компјутерско одделение : eop@fzc11oktomvri.com.mk
Факс: 031 423214, 415370
Телефони:
Централа : 031 423456, 412222
Извршни директори : 031 420115, 412250, 420110, 412215
Комерцијала : 031 416496
Продажба : 031 416134
Набавка: 031 420850
Финансии, сметководство: 031 424366, 423623, 424542
Развој и подготовка
на производство: 031 424756
Сектор за управување
со квалитет: 031 425323
Инжинеринг: 031 429450
ФЗЦ 11 Октомври со најголем пад денес од 9,98% - 03.11.2009