Сабота 31 Јули 2010
search
Комерцијална банка Скопје (KMB)
30.07.2010
Close: 3200
Daily volume: 230
High: 3200
Low: 3100
52 week High: 3900
52 week Low: 2350
избрано од форумот

TELEKOM!!: Da ne e mnogu??? :lol:

Re: TELEKOM!!: Okolu 50 den...

TELEKOM!!: ZNAE NEKOJ NETO KOLKU KJE BIDE???...

Комерцијална Банка АД Скопје

Комерцијална Банка АД Скопје е банка која нуди универзални банкарски услуги. располага со широка мрежа на експозитури и филијали, која што во континуитет ја проширува на територијата на целата земја. Деловната мрежа на Банката се состои од 8 филијали (Охрид, Прилеп, Велес, Кочани, Куманово, Струмица, Штип, Кавадарци) и 50 експозитура, од кои 33 се лоцирани во Скопје, а останатите низ Републиката. Во функција на извршување брзи и ефикасни меѓународни услуги за своите клиенти, Банката има воспоставено кореспондентски односи со преку 600 банки во 23 земји и контокорентски односи со 55 банки. Таа обезбедува широка палета на услуги за физички и правни лица, во кои спаѓаат универзалните банкарски работи, како работење со хартии од вредност, осигурителни полиси, трансфер на пари преку Western Union, старателско работење и друго. Банката е присутна и во електронското банкарство нудејќи електронски плаќања во домашниот платен промет и развивање на електронското банкарство во платниот промет со странство. Комерцијална банка АД Скопје има седиште во Скопје. Оваа банка има 4,223 акционери и приватен капитал во износ од 90.90% од вкупниот акционерски капитал.

последна новина

Комерцијална Банка со награди од ЕБОР и Deutsche Bank AG - 27.05.2010



Банката повторно е прогласена за најактивен учесник во специјалната Програма за олеснување на надвoрешната трговија и за исклучителниот квалитет во работењето со меѓународни плаќања.


Награда од Европската Банка за Обнова и Развој

Комерцијална банка АД Скопје повторно е прогласена за најактивен учесник во специјалната Програма за олеснување на надвoрешната трговија (TFP), која функционира во рамките на ЕБОР. По тој повод ЕБОР и ја додели наградата “Most active issuing bank in FYR Macedonia in 2009”. Комерцијална банка АД Скопје е повеќекратен добитник на оваа и други награди кои ги доделува ЕБОР. Во минатата година Комерцијална банка АД Скопје беше најактивна во Р. Македонија по бројот на издадени акредитиви и гаранции во рамки на TFP. Споредено со сите банки учесници од вкупно 29 земји во оваа програма, Комерцијална банка АД Скопје го зазема високото 5-то место (по најактивните банки од Русија, Грузија, Украина, Казакхстан). Оваа награда одново ја потврдува успешноста на банката во пружањето поддршка на своите клиенти во доменот на финансирањето на надоврешната трговија.


Награда од Deutsche Bank AG

Како признание за исклучителниот квалитет во работењето со меѓународни плаќања, Комерцијална банка АД Скопје е добитник на овогодишната награда: Deutsche Bank`s 2009 Straight – Through Processing (STP) Excellence Award. Оваа награда е особено значајна, бидејќи директната обработка на плаќањата (STP) има значајна улога во намалувањето на трошоците во глобалното трансакциско банкарство во денешно време. Во соопштението од Deutsche Bank AG, која е глобален лидер во оваа област, се истакнува успешноста на тимот од Комерцијална банка кој работи на оваа проблематика со постигнатата исклучително висока стапка на STP од 99,5%. Со оваа награда Комерцијална банка АД Скопје ја продолжува лидерската улога во следењето и примената на најновите банкарски трендови и технологии.
повеќе вести за компанијата

Комерцијална банка – добитник на наградата ‘Кристално ѕвоно’ 05.05.2010 | 13:33

Комерцијална банка ги намалува каматите за кредитите од 0,5 до еден процент 21.04.2010 | 08:04

Комерцијална Банка – соопштение за исплата на дивиденда 12.04.2010 | 13:50

Комерцијална Банка – одлука за конверзија на приоритетни акции во обични акции со право на глас 25.03.2010 | 09:48

Комерцијална Банка – распределба на дивиденда и дивиденден календар 24.03.2010 | 15:09

Уште акции од Комерцијална Банка за Хари Костов 16.02.2010 | 18:59

Комерцијална Банка – нови акции за Хари Костов 12.02.2010 | 15:17

Комерцијална банка АД Скопје 2009 година ја заврши во плус 01.02.2010 | 09:58

Комерцијална Банка: Ценовно чувствителна информација 23.11.2009 | 15:04

Комерцијална банка: ценовно чувствителна информација 02.11.2009 | 16:04

Блок со акциите на Комерцијална банка АД Скопје 12.06.2009 | 09:23

Високи бонуси во Комерцијална 25.03.2009 | 16:04

Комерцијална во април ќе исплатува дивиденда 03.03.2009 | 12:45