Сабота 31 Јули 2010
search
Комерцијална банка Скопје (KMB)
30.07.2010
Close: 3200
Daily volume: 230
High: 3200
Low: 3100
52 week High: 3900
52 week Low: 2350
избрано од форумот

TELEKOM!!: Da ne e mnogu??? :lol:

Re: TELEKOM!!: Okolu 50 den...

TELEKOM!!: ZNAE NEKOJ NETO KOLKU KJE BIDE???...

Комерцијална Банка АД Скопје

Комерцијална Банка АД Скопје е банка која нуди универзални банкарски услуги. располага со широка мрежа на експозитури и филијали, која што во континуитет ја проширува на територијата на целата земја. Деловната мрежа на Банката се состои од 8 филијали (Охрид, Прилеп, Велес, Кочани, Куманово, Струмица, Штип, Кавадарци) и 50 експозитура, од кои 33 се лоцирани во Скопје, а останатите низ Републиката. Во функција на извршување брзи и ефикасни меѓународни услуги за своите клиенти, Банката има воспоставено кореспондентски односи со преку 600 банки во 23 земји и контокорентски односи со 55 банки. Таа обезбедува широка палета на услуги за физички и правни лица, во кои спаѓаат универзалните банкарски работи, како работење со хартии од вредност, осигурителни полиси, трансфер на пари преку Western Union, старателско работење и друго. Банката е присутна и во електронското банкарство нудејќи електронски плаќања во домашниот платен промет и развивање на електронското банкарство во платниот промет со странство. Комерцијална банка АД Скопје има седиште во Скопје. Оваа банка има 4,223 акционери и приватен капитал во износ од 90.90% од вкупниот акционерски капитал.

последна новина

Комерцијална во април ќе исплатува дивиденда - 03.03.2009


Надзорниот одбор на Комерцијална банка  АД Скопје, согласно со Предлог- Одлуката за употреба и распределување на нераспределената добивка до 31.12.2008 година, на седницата одржана на 26.02.2009 година донесе Предлог Одлука за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата за 2008 година.

При тоа беше предложен следниот износ на дивиденда: За 1 приоритетна акција 99,50 денари, односно 9,95% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари и За 1 обична акција 190,00 денари, односно 19,0% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари.

Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2008 година е 09.04.2009 година.  Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2008 година е 06.04.2009 година. Исплатата на дивиденда за 2008 година ќе започне на 16 април 2009 година и ќе биде исплатувана во готово.
 


повеќе вести за компанијата

Комерцијална Банка со награди од ЕБОР и Deutsche Bank AG 27.05.2010 | 13:11

Комерцијална банка – добитник на наградата ‘Кристално ѕвоно’ 05.05.2010 | 13:33

Комерцијална банка ги намалува каматите за кредитите од 0,5 до еден процент 21.04.2010 | 08:04

Комерцијална Банка – соопштение за исплата на дивиденда 12.04.2010 | 13:50

Комерцијална Банка – одлука за конверзија на приоритетни акции во обични акции со право на глас 25.03.2010 | 09:48

Комерцијална Банка – распределба на дивиденда и дивиденден календар 24.03.2010 | 15:09

Уште акции од Комерцијална Банка за Хари Костов 16.02.2010 | 18:59

Комерцијална Банка – нови акции за Хари Костов 12.02.2010 | 15:17

Комерцијална банка АД Скопје 2009 година ја заврши во плус 01.02.2010 | 09:58

Комерцијална Банка: Ценовно чувствителна информација 23.11.2009 | 15:04

Комерцијална банка: ценовно чувствителна информација 02.11.2009 | 16:04

Блок со акциите на Комерцијална банка АД Скопје 12.06.2009 | 09:23

Високи бонуси во Комерцијална 25.03.2009 | 16:04