Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

По бизнис секторот и Владата побара од централната банка похрабра реакција

09.02.2010 | автор: Сител

Ефектот од намалувањето на каматите ќе беше поголем доколку НБМ тоа го направеше одеднаш.

Монетраната власт ја намалува референтната камата за половина процент секој месец од декември досега. Каматата на благајничките записи од 9 падна на 7,5%.
 
Бизнисмените минатата недела побараа освен намалувањето на каматите, НБМ да интервенира и во делот на задолжителната резерва која во моментов деловнте банки мора да ја имаат. Велат само на тој начин ќе се зголеми кредитирањето.
 
НБМ за годинава очекува подобри резултати од веќе прокетираните. Лани предвидоа дека во 2010 кредитирањето ќе порасне за 6,5%, а сега сметаат дека тоа ќе изнесува 9%. Според Ставрески, новото намалувањето на каматните стапки, кое деловните банки го најавија за почетокот на март, како и намалувањето на затезните камати треба да го зголемат кредитирањето.