Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Падот на регистрираните патенти резултат на кризата

09.02.2010 | автор: Мк Фондови

Поради рецесијата компаниите ги смалиле активностите поврзани со иновации и развој, при тоа се намали и бројот на побарувачите да ги регистрираат своите изуми, односно патенти.


Ваков драстичен пад бил забележан минатата година по прв пат, после 1978 година.

Во текот на изминатата година барањата за регистрација на патенти, забележале пад од 4,5% споредено со една година претходно.

Според информациите од светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), иноваторите од САД се предводници во ова поле.

Оваа година имало 45.790 иноватори од САД кои побарале да ги регистрираат своите патенти, но споредено со минатата година се бележи пад од 11,4%.

На второ место се наоѓаат иноваторите од Јапонија со вкупно 29.785 побарувања при што се забележува раст од 3,6%, споредено со 2008 година.

Третото место и припадна на Германија, додека пак Јужна Кореја и Кина пак биле на четвртото место.