Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Словенија издаде обврзници во вредност од милијарда евра

09.03.2010 | автор: Мк Фондови

Ново издадените петгодишни обврзници издадени од Словенија се во вредност од една милијарда евра, чија што каматана стапка изнесува 2,75 отсто.


Рокот на доспевање на овие петгодишни обврзници е во март 2015 година.

Во известувањето на словенечкото Министерство за финансии се вели дека емитувањето на обврзниците го предводеле Абанка Вип, Комерц банк, британската банка Ројал банк оф Скотланд, како и Сосиете Женерал.

Оваа аукција на државни записи е втора аукција по ред оваа година во Словенија. Потсетуваме дека првата аукција беше одржана во јануари каде што на пазарот беа пласирани десет годишни обврзници со вкупна вредност од 1,5 милијарди евра со каматна стапка од 4,12 отсто и рок на доспевање 26 јануари 2020 година.