Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Резиме на денешното тргување (10.03.10)

10.03.2010 | автор: од берзата
Резиме на денешното тргување (10.03.10)

Стопанска Банка Битола, Телеком и Прилепска Пивара со најзначителни зголемувања.


На крајот на денешното тргување МБИ-10 затвори со пад (0.39% - 2.830,41 индексни поени), МБИД се зголеми (0.26% - 3.168,01 индексни поени) и ОМБ затвори со пад (0.64% - 111,46 индексни поени).

Кај МБИ-10 со пад на вредноста затворија Комерцијална Банка (0.01% - 3.197,62 денари по акција), Бетон (2.25% - 10.400,00 денари по акција), Гранит (0.48% - 801,11 денари по акција), Макпетрол (1.62% - 33.449,39 денари по акција), Макстил (1.03% - 243,26 денари по акција) и ЗПКО Пелагонија (1.82% - 2.700,00 денари по акција).
Со пораст на вредноста затворија Алкалоид (0.13% - 4.827,19 денари по акција) и Стопанска Банка Битола (1.42% - 2.944,64 денари по акција).

Кај МБИД со пораст затворија акциите на Арцелормиттал (ХРМ) (0.28% - 195,00 денари по акција), Тутунска Банка (0.01% - 5.100,30 денари по акција), Македонски Телеком (1.92% - 509,33 денари по акција) и Прилепска Пивара (2.88% - 10.700,00 денари по акција).
Падна вредноста на акциите на Стопанска Банка Скопје (2.45% - 261,62 денари по акција) и Окта (0.03% - 3.150,00 денари по акција).

Обврзниците РМДЕН08 затворија со пад (2.30% - 85% по обврзница), додека обврзниците РМДЕН06 се тргуваа со пораст на вредноста (1.16% - 97% по обврзница).

Денешниот промет изнесува 17.948.267,52 денари.