Понеделник 06 Септември 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Бил Гејтс симнат од тронот најбогат човек на светот

11.03.2010 | автор: Мк Фондови
Бил Гејтс симнат од тронот најбогат човек на светот

Мексиканскиот телекомуникациски тајкун Карлос Слим Хел на годинешната листа на Форбс за најбогати светски милијардери за 2010 година, симнувајќи ги од пиедесталот Бил Гејтс и Ворен Бафет.


Основачот на Мајкрософот Бил Гејтс титулата најбогат човек во светот ја освојуваше 14 пати, во изминативе 15 години.

Карлос Слим Хел своето богатство го создаде благодарејќи на растот на акциите во своите холдинзи, каде што спаѓаат и две мобилни компании. Според Форбс богатството на овој милијардер во изминативе 12 месеци е зголемено за 18,5 милијарди долари.

На листата на Форбс на второто место е Бил Гејтс со 53 милијарди долари, додеа пак на третата позиција се најде Ворен Бафет чие што богатство годинава се зголеми за 10 милијарди долари на 47 милијарди долари.

Просечната нето вредност на светските милијардери изнесува 3,5 милијарди долари, што е за 500 милиони долари повеќе споредено со годината претходно.
 
Моментално во светот има 1.011 милијардери.