Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

ФАС ќе го зголемува извозот

12.03.2010 | автор: Мк Фондови

Фабриката за акумулатори Сомбор (ФАС) во текот на минатата година успеала да извезе повеќе од 70% од производите.


ФАС успеала да изврши извоз на милион акумулатори, двојно повеќе од 2008 година.

 Најголемиот дел од производите биле пласирани на пазарите во ЕУ, Русија бившите југословенски држави и Африка.

Минатата година ФАС забележа приход од 50 милиони евра и нето добивка од 6 милиони евра.

ФАС успеал да потпише извозни договори за поголемиот дел од оваа година, при што очекува да забележи подобри резултати од изминатата 2009 година.

Фабриката за акумулатори Сомбор располага со околу 200 видови на акумулатори, а исто така работи и на развој на нови производи, кои се бараат на странските пазари.