Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Хрватската компанија Чатекс извести за загуба

12.03.2010 | автор: Мк Фондови

Една од најстарите хрватски компании за производство на текстил Чатекс извести дека ланската година е остварена загуба во износ од 3,5 милиони куни.


Во известувањето на компанијата се прави споредба со остварениот профит во 2008 година кога заработката изнесуваше 85 илјади куни.

Ланските приходи на Чатекс (Čateks) биле на ниво од 98,89 милиони куни и бележат раст од 3,7% во однос на 2008 година, се вели во финансиските податоци на Чатекс.

Од компанијата коментираат дека негативниот резултат е првенствено остварен поради драстичниот пад на извозот, како последица на светската економска криза.