Понеделник 06 Септември 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Комерцијална банка лидер за посветеност кон општествената одговорност за 2009 година

02.06.2010 | автор: Мк Фондови
Комерцијална банка лидер за посветеност кон општествената одговорност за 2009 година



Комерцијална банка АД Скопје ја доби првата награда за интегриран пристап кон општествената одговорност за големо претпријатие во 2009 година, во номинацијата која ја организираше Центарот за институционален развој ЦИРА.


Наградата за Лидер на општествена одговорност во категоријата севкупна посветеност ( интегриран пристап) кон општествена одговорност на Комерцијална банка e потврда за напорите што Банката ги вложува континуирано за подобрувањето на корпоративното управување, обука на вработените, развивање на чувството за солидарност и филантропијата во соработка со заедницата и социјално ранливите групи во општеството.

„Комерцијална банка оваа година прославува 55 години од своето постоење, и за сите овие години таа остана доследна на своите вредности традиција, доверба, ефикасност, транспарентност, иновативност, тимска работа, и со особена посветеност на општествената одговорност што ја отсликува нашата деловна култура и приоритетите утврдени со корпоративната мисија. Како општествено одговорна компанија секогаш работиме и ќе работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот во општеството за сите негови членови преку споделување на вредностите и верувањата со нашите клиенти, вработени, акционери и партнери”.