Сабота 31 Јули 2010
search
анкета

Кои вести најмногу сакате да ги читате на Мк Фондови?

Берза
Македонска економија и бизнис
Регионална економија и бизнис
Светска економија и бизнис
Вести

Ред за работа џабе во Бритиш Ервејз

18.06.2009

Претседателот на Бритиш Ервејз, Вили Волш, предложи вработените повремено да работат без плата и така да помогнат за решавање на финансиските проблеми на оваа компанија.

Волш веќе соопшти дека ќе се одрече од јулската плата, а неговиот пример ќе го следи и финансискиот директор Кит Вилијамс.
Вработените ќе имаат можност да земат по една недела неплатен одмор или да работат без плата, пренесе Би-Би-Си.

Намалувањето на платите би се однесувало на период од три до шест месеци.

Синдикатите не биле воодушевени со предлогот, истакнувајќи дека му е лесно на господинот Волш со неговата плата да работи за џабе месец дена, но на обичните работници не им е баш лесно.

Бритиш Ервејз минатиот месец објави загуба од 401 милиони фунти за минатата година.